Рекордно мал број убиства во Меделин – царството на наркотиците

Во градот минатиот месец биле убиени вкупно 18 лица. Вкупниот број убиени од почетокот на годинава е 86, што претставува намалување за 44 отсто во однос на истиот период лани.

Колумбискиот град Меделин важи за царство на наркодилерите и зависниците од дрога. Но, родното место на неславниот Пабло Ескобар, во март бележи рекордно ниска стапка на убиства. Причина за тоа, најверојатно, е корона-кризата, соопштуваат властите.

Во градот минатиот месец биле убиени вкупно 18 лица. Вкупниот број убиени од почетокот на годинава е 86, што претставува намалување за 44 отсто во однос на истиот период лани.

– Овие бројки се историски. Не можеме да негираме дека изолацијата поради пандемијата има и позитивни последици, вклучително и намалувањето на криминалот, изјави Хозе Херардо Ацеведо, претставник на градските власти.

Ескобар го создал картелот за наркотици во Меделин во 1980-тите. Самиот тој се смета за одговорен за најмногу 6.000 убиени луѓе до конечниот судир со полицијата 1993 година. Но, и по неговата смрт, властите постојано се борат со доминацијата на картелите во градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот