Казујоши Миура ќе игра фудбал во шестата деценија од животот/ фото: AFLO / Profimedia

Рекорд за Гинис, Миура ќе игра професионален фудбал на 55 години

Јапонскиот фудбалер Каузјоши Миура ќе продолжи да игра фудбал и во шестата деценија откако потпиша нов договор со јапонски четвртолигаш кој го тренира неговиот постар брат.

Екипата на Сузука Поинт Гетерс денеска во 11:11 часот потпиша со Миура кој ќе го носи дресот со број 11.

Миура кој во февруари ќе наполни 55 години, неодамна изјави дека добил неколку понуди од екипи од Јапонија и од страство откако минатата сезона настапуваше за јапонскиот прволигаш Јокохама.
На крајот се одлучи да потпише за тимот во кој тренер е неговиот постар брат Јасутоши Миура.

Каузјоши Миура за време на својата кариера има настапувано во Јапонија, Италија, Австралија,Бразил, Хрватска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот