Реисот контра Ангелов: Ниту зборувавме за УЧК и „Голема Албанија“, ниту го осудивме скандирањето на протестот за „Монструм“

Исламската верска заедница не го осудила скандирањето „УЧК-УЧК“, какошто вчера соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов по заедничката средба..

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов викендов на својот фејсбук-профил силно го осуди скандирањето „УЧК” на протестот во петокот, за случајот „Монструм“.

Ангелов: Скандирањето „УЧК“ ја разгорува меѓуетничката омраза

Во текот на вчерашниот ден, до медиумите пристигна следното соопштение:

Продолжување на процесот на помирување меѓу дел од Македонците и дел од Албанците во земјава и искоренување на меѓуетничкото насилство кај младите, за во секојдневието на улица, да не наседнуваат на меѓуетничките повици на омраза коишто се зло за сите граѓани во државата се дел од работите што се согласиле денеска тројцата соговорници. Заедничко осудување на радикализмот и национализмот, како на пример, неодамнешното скандирање „УЧК-УЧК” и „Голема Албанија” на каков било митинг, протест или настан, бидејќи тоа директно го дефокусира вниманието од целта на настан, протестирање и ја подгрева меѓуетничката нетрпериливост и омраза, а секако и работење постојано на процена на ризиците по безбедноста што се и дел од работата на ЦУК, во соработка со сите релевантни чинители во општеството и во Системот за управување со кризи.

Стојанче Ангелов и реисот Шаќир Фетаи го осудија скандирањето „УЧК“

Сепак, според денешното обраќање на реисот Шаќир Фетаи, ваквиот став на ЦУК е спротивен со ставот на Исламската верска заедница, од каде истакнуваат дека УЧК односно ОНА е „вредност која го променила политичкиот и правниот статус на Албанците во Македонија“. Оттаму категорични се дека осудуваат само тендеции да се ограничи правото на протест или протестот да се употреби за провоцирање. ИВЗ истакнуваат дека овој став го потврдуваат по гостувањето на Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во синоќешното гостување во ТВ Сител, како и објавата на неговиот фејсбук-профил по овој повод.

Ангелов: Скандирањето „УЧК“ ја разгорува меѓуетничката омраза

„Во едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, како што е македонското, толеранцијата, соработката и меѓусебното почитување е основа врз која мора да се гради заедничката демократска држава на законот и редот, правата и слободите на секој граѓанин мора да бидат загарантирани, без оглед на националноста или верската припадност.

Судските процеси поставени на етничка или верска основа не смеат да ги уништуваат судбините на невините индивидуи и на демократското општество како целина. Правото на протест и изразување на слободна мисла се демократски вредности и непобитен дел од основните права на човекот, општеството и индивидуата. Затоа, треба да се осуди секоја тенденција овие права да се ограничат или злоупотребат за тесни приватни интереси и провокации.

Секако дека е непобитен факт, и ние сме горди на тоа, дека ОВК е вредноста што го смени политичкиот и правниот статус на Албанците и, зошто да не, и на сите други заедници во РCМ, што резултираше со потпишувањето на Охридскиот меѓународен мирoвен договор, кој беше вграден во Уставот на РСМ и го отвори патот за реформскиот процес кон евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) на РСМ,

Националните и историските вредности, како што се оние на ОВК – Национално ослободителната армија – или други организации, не беа и не можеа да бидат тема на разговорот. Обидот дел од оваа средба да се стави надвор од контекст е пристрасно и злонамерно. Ова што го зборуваме го потврдува дистанцирањето на директорот на Центарот за управување со кризи во синоќешните вести на ТВ Сител и на неговиот личен профил на Фејсбук, се вели во реакцијата на Исламската верка заедница.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот