Ангелов: Скандирањето „УЧК“ ја разгорува меѓуетничката омраза

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска на својот фејсбук профил силно го осуди скандирањето „УЧК” на вчерашниот протест за случајот „Монструм”.

ФОТО I Роднини на обвинетите во случајот „Монструм” со барање: Разрешување на обвинителката Фетаи

Според Ангелов, скандирањето од ваков тип ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на процесот на помирување.

– Силна осуда. Скандирањето „УЧК, УЧК…” за време на кој било протест или друг јавен настан, без разлика колкава е бројноста на групата која скандира, ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, поради што треба да биде цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори. Уште повеќе иритира фактот дека вакво скандирање се случи на протест за случајот „Монструм” во кој се води судска постапка за сурово убиство на 5 недолжни лица – напиша Ангелов.

„Направивме г*мнарија, убивме човек“ – Фетаи побара казна доживотен затвор за обвинетите од „Монструм“

Македонија го потсетила Косово дека чека екстрадиција на обвинетите во „Монструм“

Завршни зборови на „Монструм”: Обвинителката Фетаи не отстапи од обвинението за тероризам

„За нога допрев едно од момчињата. Немаше пулс“ – потресно сведочење на полицаец за масакрот кај Смилковско езеро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот