Македонија го потсетила Косово дека чека екстрадиција на обвинетите во „Монструм“

Фото: МВР

Министерството за правда и годинава ќе продолжи со напорите лицата да бидат екстрадирани во земјава, информираат оттаму за „Слободен печат“ по најавата на министерот Бојан Маричиќ  кога стапи на должност дека ќе биде поднесено ново барање за екстрадиција на обвинетите во случајот „Монструм“.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се веќе седум години во бегство на Косово, а обвинителката Фатиме Фетаи во завршните зборови за случајот „Монструм“ истакна дека токму од нив ќе се дознае вистинскиот мотив за грозоморното убиство, со кое, според неа, се целело кон дестабилизација на земјата и меѓуетнички конфликти.

-Косовските власти го одбија првото барање за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. На 05.09.2018 е испратено ново барање, кое косовските власти го добиле два дена подоцна, односно на 07.09.2018. Од тогаш Министерството за правда испрати повеќе потсетувања до косовските служби за одговор по барањето за екстрадиција. Вакво потсетување последен пат е испратено оваа година, известуваат од Министерството.

Оттаму додаваат дека досега државата добила само известување дека Африм Исмаиловиќ е недостапен на косовските органи, односно не можат да го лоцираат.

Адвокатот Рауфи: Ќе бараме отштета за времето што Љута го помина во затвор!

„Направивме г*мнарија, убивме човек“ – Фетаи побара казна доживотен затвор за обвинетите од „Монструм“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот