Регионални избори во Италија и референдум за кратење на бројот на пратеници од 945 на 600

Во Италија денеска се одржуваат регионални избори и референдум за намалување на бројот на членови на Парламентот. Локални власти се избираат во седум региони каде што, поради пандемијата на Ковид-19, не можеше да се гласа во април.

Италија има 20 региони кои го сочинуваат првото ниво на територијална поделба на земјата, а регионите имаат политичка и административна автономија. Во последните години, голем број од 60. милиони Италијанци не излегоа на гласање.

Заедно со регионалните избори, низ цела Италија ќе се одржи и референдум за намалување на бројот на членови на Парламентот. Предлогот за референдум за намалување на бројот на пратеници е, речиси, независна борба на Движењето „Пет Ѕвезди“ што сега, заедно со Демократската партија, е дел од владејачкото мнозинство во централната влада. Движењето вети референдум пред своите гласачи на претходните избори.

Прочитајте и...  Освен пандемијата зимава на Балканот му се закануваат и катастрофални поплави

Доколку референдумот биде успешен, бројот на пратеници во италијанскиот парламент ќе се намали од сегашните 945 на 600.

Поврзани вести

Прилепската болница доби санитетско возило од Германската амбасада

Слободен печат

Велес ќе гради социјална зграда за ранливите семејства од градот

Слободен печат

Втор ден по ред без починат од Ковид-19 на Косово: Во последните 24 часа се пријавени 159 позитивни случаи

Слободен печат

Ќе се воспостави Центар за згрижување на повредени и запленети диви животни

Слободен печат

ВИДЕО: Евакуирана железничката станица во Лион, полицијата претресе жена со бурка поради закана од бомба

Слободен печат

Институт СНАП: Зголемена употребата на психоактивни супстанци во Италија по карантинот

Слободен печат

Остави Коментар