Фото: Икс / Safejournalists

Регионалната платформа SafeJournalists остро ги осудува координираните ботски напади врз „Слободен печат“

Регионалната новинарска платформа која се залага за медиумска слобода и за безбедност на новинарите, „SafeJouralists“, остро го осудува последниот бран ботски напади врз профилите на „Слободен печат“ на Инстаграм, насочени кон подривање на влијанието на нашиот медиум на социјалните мрежи и воопшто.

„Силно ги осудуваме повторените и координирани ботски напади кои целат врз официјалните инстаграм-профили на медиумот „Слободен печат“, од кои последните два се случија минатата недела“, пишува во објавата на платформата.

„Мрежата SafeJournalists го повикува Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија и надлежните единици за сајбер-криминал итно да постапат, да спроведат темелна истрага, да го утврдат потеклото на овие напади и да ги санкционираат одговорните. Дополнително, ги повикуваме надлежните институции да развијат системски механизми за заштита на медиумите од дигитални напади, како и да ја зајакнат соработката со меѓународните технолошки компании со цел спречување на вакви злоупотреби. Воедно, ги повикуваме меѓународните организации внимателно да го следат овој случај и да инсистираат на ефикасен институционален одговор и заштита на медиумската слобода во дигиталниот простор“, велат од платформата, во која членуваат новинарските здруженија од десетина балкански земји.

Во рок од неколку минути на 5 април, под неколку објави споделени од профилите @sloboden_pecat и @sp_____magazin беа испратени илјадници лајкови од сомнителни профили, најмногу од странство. Платформата „Мета“, под чиј чадор е „Инстаграм“, не нуди заштита од координирани малициозни напади за јавните бизнис-креатор профили, а со тоа заштитата практично и не постои – освен ако корисникот не го „заклучи“ својот профил.

Нападот продолжи и на 7 април 2026, точно напладне, кога повторно беа нападнати официјалните инстаграм-профили на „Слободен печат“.

Ова не е прв ботски напад кон „Слободен печат“. Координираните атаци започнаа на 6 ноември 2025, потоа на 25 декември, 3 јануари и сега, 5 април 2026. Во оваа непријатна борба поддршка добивме од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ), неколку независни медиуми и од нашата лојална публика, која покажа неверојатно разбирање за проблемот со кој се соочуваме.

„Слободен печат“ повторно мета на малициозни ботски напади на Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот