Рецепти кои мора да ги пробате: Три посни десерти кои вешто ќе ве излажат дека не се посни

посна торта крофни рецепт
Посни десерти, колаж, Фото: Инстаграм

Кога почнува постот многу луѓе ги скратуваат слатките задоволствата, едни од аскетски причини кои ги наложува самиот чин, а други од отсуство на рецепти кои функционираат како добра замена за „мрсните“. Во која и група да припаѓате, кога нема да можете да оддолеете на апетите за нешто благо, посегнете по овие рецепти кои секако ќе ги задоволат потребите за шеќер.

Крофни

Крофните имаат посебно место во животот на многу луѓе. Кој од нас не се „стопил“ целосно, соочен со нивниот неповторлив вкус измешан со носталгија?

Потребни состојки:

  • 800 брашно, пола мазно, пола остро,
  • 1/2 лит. вода или млеко (соино, бадемово, овесно, изборот е ваш)
  • 2 коцки квасец,
  • 1 лажичка сол,
  • куркума на врв од кафена лажичка (не е неопходна, се користи за боја),
  • 3 кесички ванилин шеќер,
  • 3-4 лажици масло,
  • 3-4 лажици екстракт од рум/ванила,
  • кора од 1 лимон,
  • масло за пржење

додатоци: шеќер во прав, џем, посен намаз од лешници или што и да ви годи

крофни посни рецепт

Постапка:

Растворете го квасецот во водата/млекото и додадете ги сите останати состојки, постепено додавајќи од брашното. Замесете мазно тесто. Оставете да се удвои, измесете го уште еднаш и оставете повторно да нарасне. Тестото префрлете го на набрашнета работна површина и развлечете го до дебелина на прстот од околу 1,5 см. Направете форми од крофните и оставете ги да нараснат. Пржете ги во врело масло неколку минути додека не добијат златникава нијанса.

„Fudge“ (Фаџ коцки)

Фаџ е класичен американски десерт кој се прави со многу путер и многу шеќер. Во вкусот наликува на алва и е супер, едноставен избор за благо.

Потребни состојки:

  • 20-тина исчистени урми
  • 10 лажици путер од бадем (може да користите и лешник и кикиритки)
  • 4 лажици кокосово масло
  • 3 лажици какао

Постапка:

Во тенџере со малку вода се ставаат урмите да вријат 20-30 секунди и се варат околу 5 минути додека целосно да омекнат и не се залепат. Оставете ги на страна додека не се изладат. Во блендер ставете ги путерот, кокосово масло и какаото, па додајте ги изладените урми и сè блендирајте заедно околу 2 минути додека не добиете леплива смеса. Земете мал квадратен калап, ставете хартија за печење и префрлете ја смесата во неа. Притиснете, израмнете и ставете во замрзнувач 3 часа. Исечете на коцки и послужете. Чувајте го десертот во замрзнувач и извадете го околу 5 минути пред јадење за да ја задржи структурата.

Јафа торта

Оваа јафа торта е одлична за сите што имаат некакви пригоди и родендени во периодот на постот.

Потребни состојки:

За кора:

  • 200 гр бадеми
  • 300 гр лешници
  • 15-тина урми ако се големи(ако се мали, ставете дупло)
  • свежо цеден сок од портокал(почнете со еден)
  • лажичка екстракт од ванила
  • лажица кокосово масло

Бел крем:

  • тврдиот дел од конзерва кокосово млеко
  • веганско маскарпоне (500 гр)
  • 2 лажици јаворов сируп
  • лажичка екстракт ванила

Карамела:

  • 20 урми
  • малку помалку од една лажичка сол
  • лажица екстракт од ванила
  • млеко од соја (почнете со половина чаша и додавајте постепено)

Чоколадна глазура:

  • 100 гр какао
  • лажица кокосово масло
  • кора од портокал
  • сок од портокал(почнете со еден портокал)
  • 2 лажици јаворов сируп
  • остатокот од кокосовото млеко

декорација: шлаг, лешници, парчиња портокал, сецкани ресани…

чоколадна торта јафа киндер рецепт

Постапка:

Почнувате со кората. Спојте ги состојките. Ќе добиете леплива смеса и притиснете ја во калапот. За белиот сос, ставате сè заедно во блендер, половина од смесата прелијте ја врз основата и ставете ја тортата малку во фрижидер. За карамелата ги ставате состојките во блендер за да се добие убава кремаста текстура и врз белиот крем го ставате средишниот дел. Остатокот од кремот се става преку карамелата и повторно се става тортата во фрижидер. Измешајте ги состојките во блендер и прелијте го колачот. Ппосипете со сечкани лешници.

Почна големиот велигденски пост – правила кои треба да ги почитувате

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот