Шарен ролат од кокос/Фото: PxHere

Рецепт за велигденски ролат со кокос: Пошарена верзија на старинските колачи

Овој велигденски ролат со кокос носи веселба и бои на вашата празнична трпеза. Меката обвивка од какао во совршена комбинација со шарениот фил од кокос создава десерт кој не само што воодушевува со вкус, туку и визуелно ја слави радоста на Велигден.

Брза за подготовка, без печење или готвење, овој ролат е идеален за секој што сака едноставен, а ефектен десерт кој ќе ги воодушеви семејството и гостите за претстојните празници.

Состојки:
Кора:

– 450 г мелени бисквити
300 г шеќер
– 1,5 лажица какао
– 150 мл млеко

Фил:

– 185 г маргарин
– 150 г шеќер во прав
– 100 г кокос
– прехранбени бои (црвена, зелена, сина)
– кокос за „валкање“

Шарен ролат од кокос/Фото: PxHere

Подготовка:

Во сад мешајте ги мелените бисквити, шеќерот, какаото и млекото додека не добиете мазна маса. На фолија развлечете ја смесата во правоаголник, подготвено за филување.

Изматете го маргаринот со шеќерот во прав додека не стане пенасто. Додајте кокос и добро измешајте.

Поделете го филот од кокос на два дела. Во првиот дел додајте ја посакуваната боја (црвена, зелена или сина), а во вториот дел друга боја по ваш избор. Ќе добиете весели шари кои ја симболизираат радоста на Велигден.

Рамномерно распоредете го шарениот фил врз кората и внимателно свиткајте го ролатот користејќи фолија за обликот да остане уреден.

„Извалкајте“ го ролатот во кокос и ставете го во фрижидер најмалку 2 часа за да се стегне пред сечење и сервирање.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот