Рецепт за сочни тиквички полнети со кус-кус

Фото: Flickr

Без разлика дали се полнети или се само состојка во рецептите, тиквичките изобилуваат со ароми што ги освојуваат сите пролетно-летни јадења.

Тиквичките полнети со кус-кус се едноставен, брз и особено вкусен рецепт, кој ја спојува свежината на пролетно-летниот зеленчук и резултира со едноставно и лесно јадење, кое слободно можете да го послужите како предјадење или главно јадење. Одлично е и топло и ладно, и дефинитивно е еден од оние рецепти што никогаш не разочаруваат.

Општо правило е дека во „месото“ на тиквичките може да се додадат разни други состојки за да му дадат вкус и текстура на рецептот. Постојат многу рецепти за нивна подготовка, а помеѓу варијантите со или без месо, обични или со сос, со ориз, туна или моцарела, овој пат можете да пробате кус-кус и сирење, верзија што со сигурност нема да ве разочара.

Состојки (за 4 лица):

– 2 црвени пиперки
– 150 грама кускус
– 120 милилитри супа од зеленчук
– половина китка нане
– сол и бибер
– 3 супени лажици маслиново масло
– 2 супени лажици сок од лимон
– 2 големи тиквички (околу 500 грама секоја)
– 200 грама овчо сирење
– 60 грама путер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 250 степени. Исечете ги пиперките на половина, извадете ги семките и измијте ги. Ставете ги половините од пиперката на плех и печете ги во рерна 10 минути додека не почнат да се создаваат меурчиња на кората. Извадете ги, покријте ги со влажна кујнска крпа и оставете ги малку да се изладат. Излупете ги и исечете ги на коцки.

Намалете ја температурата на рерната на 200 степени. Подгответе го кус-кусот во супа од зеленчук, според упатството на пакувањето. Нането измијте го и исушете го, а потоа исечете ги листовите на мали парчиња. Се меша со пиперката, се прелива со маслиново масло и сето тоа се меша со кус-кус и сирење. Зачинете со сок од лимон, сол и бибер.

Тиквичките измијте ги, исчистете ги, пресечете ги на половина и тенко издлабете ги до работ. Потоа наполнете ги со смесата со кус-кус и ставете ги на подмачкан плех. Скршете го сирењето на мали парчиња и распоредете го врз тиквичките заедно со тенки листови од путер. Печете во рерна 25-30 минути и послужете со јогурт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот