Фото: Anna Pustynnikova / Alamy / Alamy / Profimedia

Рецепт за романски џем од чили пиперки, не сте пробале ваков интересен специјалитет

Романски рецепт за џем од чили пиперки што оди со сирења.

Луто, но не премногу. Горчливо-слатко. Со префинет вкус. На романски се нарекува „Dulceață de ardei iute“, џем од чили што со својата карактеристична црвена боја го освојува окото пред непцето.

Свежите чили пиперки и црвените пиперки се одлични протагонисти на овој вкусен рецепт кој, покрај тоа, е едноставен за подготовка.

Состојки:

– 1 кг свежи чили пиперки
– 1 кг црвени пиперки
– 500 мл бел оцет
– 1 кг кафеав шеќер
– 1 лажичка сол

Подготовка:

Пиперките исчистете ги и исечете ги на два дела. Со помош на лажица извадете го внатрешниот дел заедно со семките. Исечете ги пиперките на парчиња и ставете ги во сад.

Земете ги црвените пиперки, извадете ги внатрешните нишки, исечете ги на половина, па исечете ги на парчиња и ставете ги во сад. Сечканите пиперки додајте ги во блендерот, па истото направете го и со пиперките, додека смесата добро не се иситни.

Во тавата ставете ги и чилито и сечканата пиперка, додајте кафеав шеќер, сол и бел оцет. Добро измешајте и оставете ја смесата да отстои триесетина минути. Ставете ја тавата на шпорет, на средна температура, околу час и половина. Повремено мешајте, внимавајте да не се залепи.

Мора да биде желатинско. Кога ќе биде готов, врелиот џем сипете го во стерилизирани тегли и затворете ги со соодветен капак.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот