Крофни/Фото: Unsplash

Рецепт за посни крофни со џем од црни сливи: Омилениот десерт од детството

Еден од омилените десерти во текот на празничните пости се крофните, чиј вкус и мирис нѐ потсетува на детството. Најстарите пишани записи за крофните е наоѓаат во книгата: „Историја на Њујорк од почетокот на светот до крајот на Данската династија 1809 година“.

Тогаш данските доселеници во Нов Амстердам, односно Њујорк го донеле овој колач. Во книгата се споменува дека колачите некогаш биле правени со круша, а некогаш со кајсии, а слаткото тесто се месело во облик на топка.

Денес, зборот крофна влече потекло од германскиот збор „крафен“, што значи колач пржен во тава.

Состојки:

200 мл вода

100 мл минерална вода

550-600 г брашно

2 лажици соино млеко во прав

сол и малку шеќер

квасец

кора од лимон

50 мл масло

150 г џем од црни сливи

Подготовка:

Растворете го квасецот во млака вода и додајте го шеќерот. Додајте ги двете лажици соино млеко во остатокот од водата и измешајте. Потоа додајте ги брашното, минералната вода, кората од лимон и маслото и месете додека не добиете меко мазно тесто.

Оставете го тестото да отстои 20 минути. Потоа, на работната површина растегнете го тестото со дебелина од половина сантиметар. Крофните формирајте ги со кружен калап. Откако крофните ќе бидат готови, со помош на слаткарски шприц исполнете ги со џем од црни сливи. Ако немате слаткарски шприц, во тој случај наполнете ги со лажица. Одозгора можете да посипете со шеќер во прав.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот