Рецепт за најдобрата Цезар салата што некогаш ќе ја пробате! Една состојка ја прави неодолива и здрава
Еден од најдобрите извори на протеини, влакна, витамини од групата Б, железо и магнезиум е наутот, а тие можат да бидат одлична замена за месо, па затоа често се користат во вегетаријанската исхрана.
Препорачано
И како што секое јадење има своја веганска верзија, така е и со Цезар салатата. Наместо пилешко и сланина, во овој рецепт користи леблебија, кој ќе ги задоволи вашите потреби за протеини. Оваа комбинација е исклучително хранлива и вкусна.
Состојки:
– 2 шолји варена леблебија
– 4 шолји (околу 500 г) зелена салата, поделена на листови
– 1 лажица маслиново масло
– 1 лажица сок од лимон
– ¼ шолја вегански пармезан
– 1 лажичка капари (по желба)
Состојки за дресингот:
– 1 шолја сирови индиски ореви
– 1 лажичка сенф
– ½ лажичка сол
– ½ лажичка бибер
– 2 чешниња лук, изгмечени
– 2 лажички капари
– 6 лажици сок од лимон
– 3-4 лажици маслиново масло
– ½ шолја топла вода
– 1 лажичка паста
– 1 лажичка агаве сируп

Подготовка:
1. Сварете ја леблебијата според упатствата на пакувањето.
2. Измешајте ги сите состојки за дресингот и блендирајте додека не добиете смеса со мазна текстура.
3. Ставете ги листовите од зелена салата во голем сад и прелијте ги со маслиново масло и сок од лимон. Потоа додајте ги леблебијата, веганскиот пармезан и добиениот дресинг, па сè измешајте. По желба, посипете со лажичка капари.
4. Сервирајте и уживајте.
Пријатно!


