Фото: Varun Chandak / Pexels

Рецепт за мусака од зелка што можете да ја приготвите и кога ќе си дојдете дома од работа

Мусаката од зелка е многу евтин и вкусен ручек за целото семејство.

Состојки:

– 1/2 главица зелка
– 200 г праз
– 1 пиперка
– 50-60 г ориз
– 400-500 г мелено месо
– 50 мл млеко
– 4-5 јајца
– масло, сол, зачини, бибер и 1 лажица алкохолен оцет од 9 отсто

Приготвување:

Во подлабоко тавче продинстајте ситно сечкан праз и пиперка, а потоа додајте ориз и месо. Ситно исечкајте ја зелката, па прелејте ја со оцет и потоа ставете ја во тавчето со месото, за да се продинста и таа.
Во длабока чинија изматете јајца и млеко, па додајте го тоа во смесата што се динста. Сето тоа добро измешајте го и зачинете го, па префрлете го во тепсија. Потпечете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Додека пиете кафе, ручекот ќе ви биде готов!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот