Рецепт за мексиканска мусака: Вкусен ручек за целото семејство

Фотo: Profimedia

Навикнати сме на обичната мусака со компири, но оваа мусака има состојки кои ќе и дадат уште побогат вкус. Иако е мексиканско, ова јадење не е луто, па може сите да уживаат во него.

Состојки

600 гр мелено месо
1 главица кромид
2 чешниња лук
100 мл масло
1 мала лименка слатка пченка
1 мала лименка грав
100 гр кашкавал
2 полни чаши ориз
сув зачин
лист од магдонос
бибер
црвена пиперка

Подготовка

Ставете го исечканите кромид и лук во загреана тава, додадете чаша вода и гответе додека водата не испари. Додадете го месото, па прелијте уште една шолја вода. Гответе додека не испари водата, а потоа повторете го процесот уште еднаш. Додадете половина лажица суви зачини, малку бибер, лист магдонос. Во друг сад истурете го оризот во двојно повеќе вода и оставете да се готви на средна температура околу 20 минути. Оставете го оризот околу 15 минути, малку да згусне. Процедете го и измијте го, па додадете го месото. На сето тоа додадете ги гравот и пченката, па измешајте. По желба може да додадете луто. Ставете се во огноотпорен сад. Доколку е потребно прелијте уште малку вода. Печете 20 минути во загреана рерна на 200 степени. Извадете го садот, ставете го кашкавалот, па вратете да се пече уште 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот