Рецепт за лажна пица со тост леб: Појадок од состојки што ги имате дома

Фото: Wikimedia Commons

Пицата е едно од најпопуларните јадења во светот, но нејзината подготовка дома бара малку време. Доколку сакате да подготвите брзинско јадење, а подеднакво вкусно, тогаш ви предлагаме да направите лажна пица. Можете да додадете состојки по желба, како и зачини, а нашиот предлог се следниве состојки. За овој рецепт за лажна пица потребни се само 10 минути.

Состојки:

– тост леб
– путер
– кечап
– тврдо сирење
– пиперка
– кромид
– прстофат оригано
– прстофат лук во прав
– прстофат мелена пиперка

Подготовка:

Тост лебот премачкајте го со путер, па свртете го на другата страна и премачкајте со кечап. Посипете со рендано тврдо сирење и наредете сечкана пиперка и кромид. Потоа посолете, па посипете со оригано, мелена пиперка и лук во прав. Тост лепчињата ставете ги во чиста тава на страната каде што е путерот и покријте. Печете на ниска температура околу 5 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот