Рецепт за кремаст шејк со кокос и мелено кафе што ги олеснува летните горештини

Фото: Пекселс/denys-gromov

Далгона, кремаста сензација која стана интернет хит пред неколку години, се прави од само три состојки, инстант кафе, шеќер и вода.

Кафето Далгона, познато и како рачно матено кафе, е пијалок кој потекнува од Макао, кој се прави со матење на еднакви делови на инстант кафе во прав, шеќер и топла вода додека не стане кремасто, а потоа се додава во ладно или топло млеко, сладолед и разни креми.

Рецептот стана популарен благодарение на социјалните мрежи, а денес инстант кафе може да се најде во широк спектар на комбинации. Ако сакате кокос или ванила, пробајте милкшејк со мелено кафе , а можете да го украсите со неколку топчиња кокос или вкусен кекс.

Состојки:
Далгон:
2 лажички инстант кафе
2 лажички шеќер
2 лажици топла вода

Милкшејк:
1 средно зрела банана
30 гр сладолед од ванила или кокос
400 мл полномасно кокосово млеко

Подготовка:
Исечете ја бананата на кришки и замрзнете ја, па изблендирајте во блендер со кокосово млеко и сладолед додека не добиете кремаст шејк. Можете да додадете повеќе или помалку сладолед (или кокосово млеко) по желба.

Во сад измешајте ги кафето, шеќерот и топлата вода и мешајте 3-5 минути или додека не се добие крем.

Истурете го милкшејкот во чаша, додадете неколку коцки мраз и одозгора намачкајте го кремот од кафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот