Рецепт за кох од ориз: Ако не сте го пробале досега, нема што да чекате

Фото: Профимедиа

Обожаваме десерти, особено оние за кои не е потребен многу труд за подготовка. Уникатниот вкус, воздушеста текстура и лесната подготовка на овoj сочен и мек колач никого не оставаат рамнодушен, а рецептот за кох е исклучително баран. Обично домаќинките го прават домашниот старински кох од гриз, меѓутоа, овој рецепт сите ќе ги воодушеви.

Состојки:

– 1 литар млеко
– 200 грама ориз
– 4 јајца
– 150 грама шеќер
– 100 грама суво грозје
– 2 ќесички ванилин шеќер
– малку сода-бикарбона
– ориз

Подготовка:

Загрејте три четвртини од литар млеко, па додадете го оризот да се свари. Мешајте и додавајте млеко по потреба додека не се свари оризот. Пред крајот, сипете го шеќерот.

Сварениот ориз изладете го. Во него вмешајте жолчки, суво грозје, ванилин шеќер и малку сода-бикарбона. Посебно изматете ги белките во цврст шам и полека вмешајте ги во оризот.

Плехот добро подмачкајте го со масло и посипете го со брашно. Сипете го оризот и печете на 200 степени додека малку порумени. По желба попрскајте со чоколаден прелив.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот