Рецепт за Хачапури: Грузиско тесто со кашкавал, сирење и јајце

Фото: Pexels/ Valeria Boltneva

Хачапури е грузиско јадење од меко тесто исполнетo со кашкавал и сирење, кое традиционално се јаде со раце. Тестото се обликува во различни форми, но најчесто е во форма на чамец.

Состојки

1 шолја топла вода
1 свеж квасец
Половина шолја топло млеко
3 лажици маслиново масло
4 шолји брашно
Половина лажичка шеќер
1 лажичка сол 1
150 гр кашкавал
100 гр фета сирење
50 гр пармезан
5 Јајца

Подготовка

Во еден сад измешајте ја топлата вода, квасецот и шеќерот. Оставете 10 минути за да се активира квасецот. Потоа додадете ги маслиновото масло, брашното и добро измесете. Оставете го да отстои 2 часа. Поделете на топчиња и оставете да отстојат уште 15 минути. Се расукува секое топче-тесто и се обликува во форма на чамец. На секое парче се става од кашкавалот, фетата и пармезанот. Се премачкуваат со јајце и посипуваат со сусам. Печете ги 15 минути на 220 степени. Рерната мора да биде добро загреана кога ќе ги ставите да се печат. Извадете ги Хачапурите од рерната, а потоа ставете го јајцето во средината и печете уште 5-6 минути.

Добар апетит!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот