Рецепт за гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Тарт со ф’стаци и чоколада

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно уникатно гастрономско уживање – тарт со ф’стаци и чоколада.

– Прекрасна комбинација од јаткаста основа, паста од ф’стаци и чоколада – вели Дијана.

Фото: Приватна архива

За основата е потребно:

– 200 грама ореви мелени
– 70 грама какао во прав
– 1/2 лажичка сол
– 50-60 милилитри јаворов сируп или агаве сируп
За пастата со ф’стаци:
– 150 грaма ф’стаци исчистени од лушпите
– 50 милилитри јаворов сируп
– 1 лажиче ванила екстракт
– 1 лажиче мача во прав ( сосемаа опционално, за поинтензивна зелена боја на пастата)
За ганаж преливот:
– 200 милилитри слатка павлака
– 60 милилитри јаворов сируп (може да го изоставите ако користите засладена слатка павлака)
– 200 грама чоколада

Подготовка:

* Ф’стаците нека киснат во вода минимум 4 часа или 30 минути во врела вода.
* Исплакнете ги со вода и отстранете ги тенките лушпи.
* Обложете калап со пречник 24 cм со хартија за печење, дното и страните.
* Измешајте ги или изблендирајте ги состојките за основата и натапкајте ја смесата на дното на калапот.
Нека стои во фрижидер додека ја подготвувате пастата од ф’стаци.
*Исчистените ф’стаци блендирајте ги додека добиете мазна смеса. Додадете ја ванилата, мача правот и јаворовиот сируп додека сосемa се изедначи и се добие мазна паста.
* Нанесете ја пастата внимателно врз основата и вратете го калапот во фрижидер.
* Исе;кајте ја чоколадата и ставете ја во еден сад заедно со јаворовиот сируп.
* Слатката павлака загрејте ја до пред вриење.
* Сипете ја павлаката врз чоколадата и оставете ја две минути.
* Измешајте ја смесата додека не стане сосема мазна.
* Истурете го ганажот врз тартот.
* Нека се лади минимум 4 часа пред послужување.

Уживајте во секое залаче!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот