Рецепт за гастрономско уживање од Дијана Иваноска – штрудла со афион

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

– Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната – ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно уникатно гастрономско уживање – штрудла со афион.

– Прекрасен старински рецепт за штрудла со афион. Многу е вкусна и со фил од ореви и млеко. Оваа количина може да се подели на два дела, две помали штрудли или една голема, како што направив јас овој пат. Коричката е крцкава, а внатрешноста е мека и сочна. Се надевам ќе ја пробате – вели Дијана.

Фото: Приватна архива

За тестото е потребно:

– 10 г сув квасец
– 170 мл топло млеко
– 1 лажица шеќер
– 150 мл масло
– 170 мл топла вода
– 1/2 лажиче сол
– 650 г брашно

За филот:

– 300 г афион мелен
– 200 г шеќер
– 1 лажица ванила екстракт
– 130-140 мл млеко (врело)

– 30 г путер стопен
– Шеќер во прав за посипување

Фото: Приватна архива

Подготовка:

* Во еден сад ставете го топлото млеко со квасецот и шеќерот. Промешајте и оставете го квасецот да се активира.
* Во друг сад измешајте го брашното со солта.
* Во подлабок сад ставете ја млаката вода, маслото, смесата со квасецот и со брашното замесете мазно тесто.
* Покријте го со проѕирна фолија и оставете го тестото да стасува околу 30 минути.
* За тоа време подгответе го филот.
Измешајте го афионот со шеќерот и ванилата. Прелијте со врелото млеко и убаво измешајте. Смесата треба да е густа, но да може да се размачкува.
* Ако правите две помали штрудли поделете го тестото на два дела.
Ако правите една, развлечете го тестото во правоаголна форма и нанесете го филот. Завиткајте ролат.
Префрлете го на тава за печење, или во калап за куглоф.
* Премачкајте го ролатот со стопен путер. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го да стасува додека се загрее рерната.
*Печете на 180 степени Целзиусови околу 30 минути или додека порумени.
* Откако ќе се излади, малку наросете шеќер во прав.

Уживајте!

Фото: Приватна архива

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот