Рецепт за евтин појадок – палачинка од јајца, компири и сирење

Фото: Дело вкуса

Појадокот е најважниот оброк, а сите често го прескокнуваат или појадуваат 2-3 стандардни јадења. Ако брзате, а сакате нешто квалитетно, вкусно и заситувачко, тогаш дефинитивно пробајте го овој рецепт. Потребни ви се 4 евтини состојки што сите ги сакаат, јајца, компири, сирење и млад кромид. Направете 2 лажни омлети, кои ќе ги наполните со сирење и еве го, фантастичен појадок што ќе го сакаат сите.

Состојки:

– 500 грама компири
– 3 јајца
– 1 лажичка скроб
– 1 китка млад кромид
– 200 грама тврдо сирење

Подготовка:

Компирите излупете ги и изрендајте ги, па измешајте ги со јајцата што претходно сте ги изматиле, исечканиот млад кромид, па посолете и зачинете. Сè добро измешајте. Во тавата сипете малку масло, а кога ќе се загрее, додајте половина од смесата со компирите и распоредете ја по целата тава. Можете и да го поклопите, а кога компирите ќе добијат златна боја на долната страна, свртете ги на другата страна со помош на шпатула. Пржете уште 2-3 минути, па извадете го од тавата. Во неа сипете уште малку масло, а потоа ставете ја другата половина од смесата со компири. Подгответе ги на ист начин како и првата половина од смесата. Кога ќе ја завртите „палачинката“ од компири на другата страна, посипете со рендано сирење и преклопете ја со првата „палачинка“ од компири (која ја извадивте во чинија). Оставете уште неколку минути во тавата и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот