Рецепт: Тајната на војничкиот грав зошто е толку вкусен
Секој маж што бил во војска тврди дека војничкио грав е најдоброто нешто на светот.
Препорачано
Иако многумина од нас никогаш нема да дознаат како и зошто е тоа така, една од тајните секако е во количината – значи, колку е поголемо тенџерето (лонецот), толку е повкусно јадењето.
Затоа, пробајте го овој рецепт за обожаваниот војнички грав и уживајте во домашен, вкусен, топол, едноставен ручек, идеален за постудените денови.
Состојки:
– 1 кг грав
– 1 кг свежо јунешко месо
– мало чешне лук
– 200 г кромид
– 2 моркови
– 1 корен од магдонос
– половина китка магдонос
– 30 г концентрат од домати
– 150 г свинска маст
– ловоров лист
– сол и црн пипер
– 1 лажичка пиперка во прав
– 2 лажички брашно
Подготовка:
Потопете го гравот во ладна вода и оставете го да отстои околу 3 часа. Потоа исцедете ја водата, полејте со ладна вода и варете 10 – 15 минути додека не зоврие.
На врела маст се пропржете половина од сечканиот кромид и сечканиот морков, додадете го месото одвоено од коските и сечкано на коцки. Сѐ заедно подинстајте додека течноста не испари, па тргнете од оган.
Процедете ја водата од сварениот грав, па додадете го преостанатиот исечкан кромид, динстаното месо со останатите состојки, сипете топла вода или супа (бујон) од коски да го покрие месото и варете со повремено додавање топла вода додека сите состојки не омекнат.
Загрејте ја маста што останала од динстаното месо, додадете го брашното малку да порумени, тргнете го од оган, сипете ја пиперката во прав и ситно исечкајте го лукот, па сè убаво измешајте.
На готовиот грав додадете ги ловоровиот лист, концентратот од домати (претходно размешан во топла вода), посолете по желба и варете 20 минути со постојано мешање. Додадете мелен пипер и ситно сечкан магдонос.


