Фото: Принтскрин/Инстаграм

Рецепт од мајката на познатиот готвач Џејмс Бирд: Тортички со јагоди направени од велигденски јајца

Ако сте во дилема што да правите со преостанатите варени јајца и не сакате да ги фрлите, ви предлагаме рецепт за вкусни тортички.

Пробајте го рецептот за тортитчки со јагоди и шлаг од мајката на еден од најдобрите готвачи во светот, Џејмс Бирд – кој напишал 20 книги за готвење, водел емисии за готвење и ја променил играта во модерната кујна. Меѓу другото, и престижна кулинарска награда е именувана по него. Овој успех не можел да го постигне без талентот што го наследил од мајка си Елизабет. Уште пред да стане планетарно познат, неговата мајка подготвувала еден навистина вкусен – но восхитувачки чуден – рецепт за колач.

– Мајка ми имаше необично чувство за храна и талент да им покажува на другите како да ја подготвуваат. Таа сакаше да готви, да јаде и да зборува за храната повеќе од секој друг што го познавам. Таа имаше меѓународен пристап кон храната кој се сметаше за револуционере – напишал Џејмс за својата мајка.

Џејмс Бирд тврдел дека тајната состојка на неговата мајка за правење на нејзиниот колач биле ситно издробени тврдо варени жолчки од јајца, кои го збогатуваат тестото без да го стврднуваат – придонесуваат за совршена мекост на печените колачи. Тоа е одличен начин да се искористат преостанатите велигденски јајца, а притоа да уживате во неповторливиот вкус на овој деликатес.

Можеби звучи како едно од последните нешта што сакате да го додадете на сувите состојки, но издробента сварена жолчка додава доволно богатство на тестото без да го отежнува или згрутчува.

Методот е всушност доста чест во северноевропското пекарство, каде што вештите пекари откриле дека малите парчиња жолчка од јајце спречуваат премногу глутен да се формира во тестото, што ги одржува печените производи (како колачите) ултрамеки.

Состојки:

– 2 шолји бело брашно
– 60 грама шеќер
– 1 прашок за печиво
– 6 лажици несолен путер, изладен, исечен на мали коцки
– 2 тврдо варени иситнети жолчки
– 150 грама изладен шлаг
– 2 лажици несолен путер, растопен
– 1,5 килограми свежи јагоди, измиени, исчистени и преполовени или исечени на четвртинки, во зависност од големината
– 2 лажици шеќер
– 1 шолја шлаг
– 1 лажица шеќер

Упатства за подготовка на оваа необична торта:

Почнете така што ќе го просеете брашното и прашокот за печиво, потоа вмешајте ги шеќерот и солта. Со врвовите на прстите вмешајте ги ладните коцки путер во сувата смеса додека не изгледа како да се формирале крупни трошки.

Сега доаѓа забавниот дел: Протнете неколку тврдо варени жолчки од јајца низ сито, а потоа измешајте ги во смесата. Полека додајте го ладниот шлаг, мешајќи за да се соедини пред да додадете повеќе. Нежно мешајте додека не се соедини.
Префрлете го тестото на лесно набрашнета работна површина и нежно месете два или три пати додека не формира мазна топка. Развлечете го тестото на работната површина со дебелина од два и пол сантиметри, а потоа користете тркалезен калап за колачиња за да исечете шест колачиња или направете две големи кори со иста големина.

Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и оставете ги во фрижидер да отстои еден час. Непосредно пред печење, премачкајте ги врвовите на колачите со густа павлака и наросете со малку гранулиран шеќер.

Печете додека корите не станат цврсти и не добијат златно-кафеава боја, околу 15 минути. Потоа оставете ги да се изладат пред да ги наредете со јагоди или со други бобинки и свежо изматен шлаг.

Сега сè што треба да направите е да земете вилушка и да почнете да уживате. Со бобинки и шлаг, резултатот е толку убаво избалансиран, декадентен, а сепак лесен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот