Рецепт: Чоколадна торта од стар леб

стар леб чоколадна торта
Фото: Unsplash

Меѓу фаворитите од десерти што можат да се направат со стар леб е чоколадната торта. Може да се пече веднаш или да ја подготвите од вечер, па следниот ден да ја печете. Ќе биде сочна и вкусна.

Потребни состојки:

– десет кришки леб
– 150 гр темно чоколадо
– 430 мл слатка павлака
– 100 гр шеќер
– рум(по избор)
– 3 јајца
– путер

Подготовка:

Десет кришки леб исчистете ги од кората, па исечете ги на половина или на четвртини. Во сад стопете 150 грама темно чоколадо со 430 милилитри слатка павлака и 100 грама шеќер. Ако сакате во ова можете да додадете и малку рум. Изматете три јајца пенесто и прелејте ги со топлата, но не врела, чоколадна смеса. Огноотпорен сад измачкајте го добро со путер, па ставете малку од чоколадната смеса. Потоа наредете еден ред леб, па прелејте со чоколадо. Продолжете вака додека ги потрошите состојките. Најгоре завршете со ред чоколадна смеса. Треба целиот леб да е обложен со чоколадо. Нека се излади, потоа прекријте го садот со фолија и оставете го во фрижидер барем четири часа или преку ноќ. Печете половина час во рерна загреана на 180 степени. Лебот треба однадвор да биде лесно крцкав, а внатре кремаст и мек. Нека се излади десеттина минути па послужете го.

Друга опција е да користите крем-сирење, свежи јагоди, слатка павлака и јајца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот