Реал се закити со трофејот во шпанскиот Суперкуп! (ВИДЕО)

фото: твитер

Сега Реал Мадрид има вкупно 11 титули во ова фудбалско натпреварување, сега само два помалку од водечката екипа на Барселона на вечната листа.

Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија шпанскиот Суперкуп, откако на теренот во Саудиска Арабија го совладаа Атлетико Мадрид после пенал серијата. После 90 минути игра немаше голови, а ги немаше ниту во продолженија, па победникот го дознавме после ударите од белата точка.

Клучна улога во освојувањето на трофејот за Реал, одигра Федерико Валверде, кој беше исклучен во 115. минута.

Мората ја прими топката 30 метри од голот на „кралевите“, тргна кон целта, а пред самиот шеснаесетник од зад грб беше фаулиран од Валверде кој заработи црвен картон.

Во пенал серијата Реал започна со погодокот на Карвахал, а првите две пенали на „јорганџиите“ не ги реализираа Саул и Томас.

Прецизни за тимот од „Сантјаго Бернабеу“ беа Родриго, Модриќ и Серхио Рамос, по што следуваше и славјето на фудбалерите на тренерот Зинедин Зидан. Сега Реал Мадрид има вкупно 11 титули во ова натпреварување, сега само два помалку од водечката Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот