РЕАЛ ПОНИЖЕН: 10 голови и два црвени картони во „пријателски“ меч (ВИДЕО)

twitter.com/marca

Интересен е и податокот што после првото полувреме Атлетико водеше против Реал со високи 5:0 на стадионот „Ист-Ратерфорд“ во Њу Џерси.

Двете екипи се наоѓаат на подготовки во САД, ја искористија можноста да одиграат контролен меч, но никој не веруваше дека ќе видиме дури 10 голови.

Уште во првата минута поведоа „јорганџиите“ преку Диего Коста, па зголеми новото засилување Жоао Феликс. Во листата на стрелците се запиша и Кореја, а веќе во првите 45 минути својот хет-трик веќе го комплетираше Коста.

Тука не застана, бидејќи постигна и четврти гол во вториот дел, а дури во 59 минута „кралевите“ го реализираа првиот погодок благодарение на Начо (6:1).

Во 65 минута во физички судир се најдоа Карвахал и Диего Коста кои добија директни црвени картони. Карвахал најпрвин имаше груб прекршок врз Лемар, по што веднаш возврати и Коста.

За 7:1 се погрижи Витоло, а во финишот играчите на Зидан ја ублажија бламажата со погодоците на Бензема и Санчез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот