Реал Мадрид ќе ја „украде“ желбата на Барселона!?

epa08888910 Inter Milan?s Romelu Lukaku (R) celebrates with teammate Lautaro Martinez after scoring his team's first goal during the Italian serie A soccer match between FC Inter and SSC Napoli at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 16 December 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Финансиските проблеми на „Џузепе Меаца“ би можеле да значат евентуална разделба со Лаутаро Мартинез и како што информираат италијанските медиуми Реал Мадрид е подготвен да испрати понуда за Аргентинецот.

23-годишниот играч го привлече вниманието со своите игра и постигна 16 голови досега во 36 настапи во Серија А сезонава.

Минатата година тој призна дека беше блиску до трансфер во Барселона, но не се дојде до договор поради пандемијата на коронавирусот.

Ова лето, како што известува „Тутоспорт“ Мартинез би можел да си замине од Милано со цел да се подобри финансиската ситуација во клубот и воедн се очекува понуда од Шпанија.

Токму Реал покажува интерес за аргентинскиот интернационалец и изворот вели дека „кралевите“ за напаѓачот нудат 90 милиони евра, со годишна заработка од девет милиони евра.

Видео на денот