Реал Мадрид ги прекина сите контакти со ПСЖ, нема преговори за Мбапе

фото: EPA-EFE/Yoan Valat

Гласините кои ја поврзуваат суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе со шпанскиот и европски првак Реал Мадрид повторно почнаа да кружат низ медиумите и покрај тоа што се знаеше како се одвиваа работите минатото лето. Се сметаше дека Французинот е на работ на договор со „кралевите“, но наместо тоа напаѓачот се предомислил во последен момент и решил да го продолжи договорот со ПСЖ.

Но, светскиот шампион од Мундијалот во Русија во 2018 година не се чувствува многу среќен во Париз, важечкиот договор на Мбапе истекува на крајот на следната сезона, што дополнително ги активира повторно шпекулациите за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

„Марка“ сега тврди дека Реал Мадрид ги прекинал сите контакти со ПСЖ и не се водат разговори за Мбапе. Актуелниот договор на 24-годишниот фудбалер со парижаните истекува во летото 2024 година, иако постои опција за продолжување на уште 12 месеци кое може да се направи само со согласност на играчот.

Од своја страна, ПСЖ наводно побарал од Мбапе да донесе одлука за неговата иднина и да го информира клубот до мај за да можат да планираат што да прават со него. Весникот додава дека раководството на Реал јасно ставило до знаење дека никогаш нема да преговара со францускиот шампион под сегашните околности.

Доколку спортскиот директор Луис Кампос ја задржи функцијата, тоа најверојатно ќе значи дека францускиот репрезентативец ќе остане и на „Паркот на принцовите“, со оглед на тоа што Португалецот е некој на кого Мбапе целосно му верува во задачата да изгради тим за освојување на Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот