Реал има три желби на фудбалскиот трансфер пазар!

Французинот има желба да се пресели во „кралскиот“ клуб/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Следните цели на Реал Мадрид се Килијан Мбапе, Едуарду Камавинга и Давид Алаба. Според „АС“, „кралевите“ посакуваат наредното лето да ги обезбедат услугите на Мбапе, играчот на ПСЖ, иако се соочува со конкуренција од Ливерпул.

Мбапе има договор со париските „светци“ до 30 јуни 2022 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 180 милиони евра. Не е тајна дека францускиот тренер на Реал, Зинедин Зидан, го посакува својот сонародник.

Шпекулациите велат дека доколку нешто порано Мбапе одлучи да си замине од клубот, во таков случај новиот кормилар на ПСЖ, Маурисио Покетино, ќе се обиде да го ангажира еден од најдобрите стрелци на Манчестер сити, Серхио Агуеро (32) кој има уште шест месеци од договорот со „граѓаните“.

Покетино после неуспешното деби: Мбапе мора да биде подобар!

Зидан исто така ја следи и ситуацијата со Камавинга (18) фудбалерот од средниот ред на Рен. На листата желби е и Алаба, одбранбениот фудбалер (28) до крајот на тековната сезона има соработка со актуелниот европски шампион Баерн Минхен.

Голем број на екипи покажуваат интерес за Австриецот, но се верува дека Реал е во „пол-позиција“ за неговиот потпис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот