Реал и Интер пред размена на играчи вредна 100 милиони евра!?
Станува збор за Кристијан Ериксен и Иско, двајца офанзивни играчи за врска незадоволни од моменталниот статус во клубовите кои би сакале да ги заменат играчите, информира германскиот „Скај“.
Данскиот играч за врска дојде во Интер во јануари кога италијанскиот гигант го купи од Тотенхем за 20 милиони евра и не се снајде во Милано.
На другата страна е Иско, кој веќе некое време е во Реал Мадрид, но не добива минутажа под водство на Зидан и сака да си замине.
Но, има еден проблем. Реал бара околу 70 милиони евра за Иско, додека Ериксен вреди само 30 милиони евра, па не е јасно дали италијанскиот клуб би бил подготвен да плати 40 милиони евра разлика во случај на размена.
Целиот процес би вредел околу 100 милиони евра бидејќи најверојатно истиот би бил направен според принципот клубовите сами да си плаќаат отштета за играчите, како што беше случајот со Артур и Пјаниќ кога разменуваа Барселона и Јувентус.