РЕАКЦИИ ОД КОСОВО: „Грешката на Рама не може да се прости, бараме објаснување“

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Од Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) порачуваат дека грешката на албанскиот премиер Еди Рама е „непростилва“ и бараат објаснување на видео-снимката на објавена на неговиот Фејсбук, каде Косово е прикажано во границите на Србија, објави Б92.

Новоизбраните пратеници на ДСК бараат објаснување од Рама, а Арбен Гаши во изјава за приштинската Газета експрес рече дека таквите грешки не се простуваат.

– Тоа не може да се прости, дури и ако албанскиот премиер грешката ја направил ненамерно – вечи Гаши.

Запрашан за тоа дали Рама треба да се извини поради оваа грешка, Гаши вели деке тој најмалку што треба да направи е да ја објасни ситуацијата.

За потсетување, Еди Рама на својот Фејсбук-профил објави видео-снимка на која во еден момент се прикажува мапа на која Косово е во рамките на Србија.

Рама „го врати“ Косово назад во Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот