Рама „го врати“ Косово назад во Србија

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Албанскиот премиер Еди Рама на својот Фејсбук-профил објави видео-запис на кој во еден момент е прикажана мапа на која Косово е прикажана во рамките на соседна Србија, пренесе РТС.

– Изгледа дека покрај Србија на Вучиќ, Косово „не го признава“ ниту албанскиот премиер Еди Рама, кој овој месец повеќе пати ги напаѓаше косовските политичари во одбрана на својата и иницијативата на Александар Вучиќ за „Мини Шенген“ – пишува Газета експрес.

Според пишувањата на Газета ескпрес, Рама користел мапа на која се прикажуваат вложувањата во водоводната мрежа во Албанија на која може да се забележи дека Косово е во составот на Србија.

Меѓутоа, увидувајќи дека поради оваа грешка е можен скандал, Рама интервентирал така што снимката е повторно монтирана за да не се гледа целата мапа, заклучува приштинскиот медиум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот