Разорниот земјотрес од 6,8 степени предизвика хаос и паника во источна Турција (ВИДЕО)

Фото: Твитер/gzemyonelkapucu

Силен земјотрес од 6,8 степени по Рихтеровата скала денес го погоди источниот дел на Турција.

Земјотресот е забележан во 17,55 часот на длабочина од само 2 километри, а се почувствувал во Ирак, Сирија, Либан и Израел.

Иако извештаите за евентуални жртви се уште се чекаат, засега има информации дека во земјотресот се повредени две лица.

Од улиците на погодениот град Елазиг стигнуваат ужасни глетки. Снимени се рушевини од една зграда и луѓе во паника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот