Разговор со д-р Владимир Трајковски: Како се тестира машка неплодност

Д-р Владимир Трајковски, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ-специјалист во Центарот за плодност „Њуборн клиник“, ни објаснува како се тестира машката неплодност, што е олигозооспермија, астенозооспермија, тератозооспермија и азооспермија.     

Тестирањето на машката неплодност започнува со анализа на спермата. Со оваа анализа се оценува семениот примерок во однос на неколку параметри, како што се бројот на сперматозоиди, концентрацијата, подвижноста, морфологијата, бројот на кружни клетки, ph, итн. Овие параметри ќе бидат показател за капацитетот на спермата да ја оплоди јајце-клетката. Семената анализа ќе даде поточни резултати, ако тaа се прави после три или четири дена апстиненција (без сексуална активност). Идеално би било да не консумирате премногу алкохол и тутунски производи неколку месеци пред планираната бременост.

Критериумите на Светската здравствена организација (СЗО) за нормални вредности на спермата се следните:

Обем: > 2,0 мл

Концентрација: > 20 милиони / мл (позната и како „број на сперматозоиди“)

Подвижност: > 50%

Морфологија: > 30% со нормална морфологија

Бели крвни клетки (леукоцити): <1 милион /мл

pH: 7,2-7,8

Дали ќе биде потребно понатамошно тестирање ќе зависи од вашата историја на неплодност, тестирање и третмани. Додека горенаведените параметри се минималните барања во семениот примерок, според СЗО, тие се однесуваат на нормалните вредности што треба да бидат присутни во семениот примерок за да се постигне природна бременост преку сексуален однос.

За време на ИВФ третманите, често работиме со семен примерок кој има многу низок број на сперматозоиди, мотилитет и морфологија. Семените примероци кои спаѓаат под стандардните барања утврдени од СЗО може да се категоризираат на следниов начин:

Олигозооспермија се однесува на бројот на сперматозоиди во ејакулатот, кои биле тестирани за пониски од нормалните параметри утврдени од страна на СЗО. Нормалниот опсег на бројот на сперматозоиди е над 20 милиони/мл, па оттука мажите чиј спермограм укажува на број на сперматозоиди помал од 20 милиони/мл се смета дека припаѓаат во категорија олигоспермија (олигозооспермија).

Астенозооспермија се однесува на семен примерок за кој е утврдена подвижност пониска од 50%. Способноста на сперматозоидите да се движат е директно поврзана со нивната способност да пливаат низ грлото на матката, да стигнат до јајцеводите и да ги оплодат ооцитите. Колку е помала подвижноста, толку е помала способноста на сперматозоидите самите да стигнат до јајце-клетките и да ги оплодат. Меѓутоа, со ИВФ/ИЦСИ технологиите, ова е еден од факторите за неплодност, кој лесно може да се коригира.

Тератозооспермија се однесува на намалено ниво на сперматозоиди, кои се со нормална форма. Со други зборови, тератоспермија (тератозооспермија) се однесува на високо ниво на сперматозоиди во ејакулатот, кои се сметаат за „абнормални“. Овие абнормалности може да сe поврзани со дефекти на главата, опашката или средината. Во зависност од присутната абнормалност, и во зависност од други параметри на спермата, одредени методи на лекување како што се ИЦСИ или MicroFluidic Chip може да обезбедат решение.

Азооспермија е состојба која се карактеризира со тотално отсуство на сперматозоиди во спермата. Азооспермијата може да се класифицира како опструктивна азооспермија или неопструктивна азооспермија. Во зависност од вашата дијагноза, може да бидат користени хируршки методи на екстракција на спермата и може да биде извршен успешен ИВФ третман.

„Њуборн клиник“ – Центар за плодност, булевар „Илинден“ 107, 1000 Скопје, телефон : +389 (0)2  2734 350

(комерцијален текст)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот