Разговор со Белкис Аксу Челеби, странкиња во Скопје: Во моите илустрации приказната ја раскажуваат малите луѓе

Белкис Аксу Челеби
Белкис Аксу Челеби / Фото: Инстаграм

Белкис Аксу Челеби е илустраторка и графичка дизајнерка од Турција која почнала да се занимава и со маркетинг, но набргу сфатила дека тоа не ја исполнува.

Оваа прекрасна дама решила да ја пренасочи својата креативна енергија на свој начин, творејќи во пулсот на секојдневието. Денес со нејзиниот сопруг живеат и работат во Скопје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Belkıs Aksu Çelebi (@belkisaksu)

За себе вели дека се инспирира од градот, од архитектурата и често во нејзините илустрации се прикажани згради, градски пејзажи и големи групи – на мали луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Belkıs Aksu Çelebi (@belkisaksu)

Обожава да игра видео игри, да патува, да чита. Во слободно време практикува јога, урбан велосипедизам, се грижи за нејзините растенија и обожава да гледа комедии со својот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Belkıs Aksu Çelebi (@belkisaksu)

„СЕКОГАШ СО СЕБЕ НОСАМ КНИГА ЗА СКИЦИ И МОЛИВИ ВО БОЈА ЗА ДА ГИ РЕФЛЕКТИРАМ МОИТЕ НАБЉУДУВАЊА ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО. СЕКОГАШ ГИ ИСТРАЖУВАМ МОИТЕ СТАРИ СКИЦИ ЗА ДА ДОБИЈАМ ИНСПИРАЦИЈА КОГА СОЗДАВАМ ЗА МОИТЕ КЛИЕНТИ И ЗА МОИ СОПСТВЕНИ ПРОЕКТИ. ПОВЕЌЕТО ОД МОИТЕ ДЕЛА ГИ СОЗДАВАМ НА ТАБЛЕТ ЗА ЦРТАЊЕ, СО МОЛИВИ ВО БОЈА, АКВАРЕЛИ, ГРАФИЧКИ МОЛИВИ И ВЕЗОВИ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Belkıs Aksu Çelebi (@belkisaksu)

Белкис, колку време се занимаваш со илустрација и графички дизајн? Со каква техника работиш, која ти е омилена?

– Ја започнав мојата кариера како графички дизајнер пред речиси 10 години. Сакав да работам сама и да заработувам од продавање на моите илустрации, а не од моите дизајни. Почнав да ги споделувам моите цртежи, моите урбани скици со другите и патувањето започна. Почнав да посетувам локални базари за дизајн во Измир и Лондон, исто така почнав да предавам на работилници за илустрација со акварел во овие градови и во Анкара. Потоа ја напуштив мојата секојдневна работа и почнав да се фокусирам на мојот сопствен бизнис. Се преселив од Измир во Скопје пред 3,5 години и ја отворив мојата прва фирма. Организирав работилници и овде во Скопје, пред пандемијата. Сега работам како илустратор од моето домашно студио. Работам со издавачи, списанија, бизниси од различни сектори и поединци од целиот свет. А работам и на илустрации инспирирани од мојот секојдневен живот, водам свој графички роман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Belkıs Aksu Çelebi (@belkisaksu)

Во твоите илустрации присутни се луѓето, градот, социјалниот идентитет и архитектурата. Кажи ми нешто повеќе за тоа, зошто се одлучи токму за овие мотиви?

– Многу често правев урбано скицирање. Тоа ми помагаше да се сетам на одреден момент. Потоа ја проширив мојата перспектива и почнав да додавам движење и живост на моите илустрации со мали луѓе. Сега и моите лични проекти и илустрации што им ги правам на моите клиенти имаат иста позадина – архитектура – и приказната која зборува со мали луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Belkıs Aksu Çelebi (@belkisaksu)

Се занимаваш и со везење. Од каде ја научи оваа стара техника?

– Мајка ми се занимаваше со везење кога бев дете и се сеќавам дека навистина се чудев како конецот може да ја обои ткаенината. Мојот интерес за везење започна тогаш и сега везот е една од моите омилени техники за боење на моите илустрации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Belkıs Aksu Çelebi (@belkisaksu)

Моментално живееш во Скопје. Дали можеш да направиш една паралела помеѓу Скопје и Измир. Што најмногу ти недостасува од животот во Турција?

– Поминаа 3,5 години откако се преселив во Скопје од Измир и навистина ми се допаѓа мојот живот овде. Одам еднаш или двапати годишно да се видам со моето семејство во Измир, или тие доѓаат овде. Но, морам да признаам дека понекогаш ми недостига и морето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Belkıs Aksu Çelebi (@belkisaksu)

 

 

Видео на денот