Првата македонска нема сликовница „(С)обувки“ ќе има промоција во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“
Првата нема сликовница во Македонија – „(С)обувки“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана на 20 февруари, во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на „Денови на литературата“. Книгата е реализирана по идеја на Оливера Ќорвезироска и со илустрации на Наталија Лукомска. Покрај авторката …

