Првата самостојна изложба на Стефан Златев со наслов „Симбиоза“ на 25 март ќе биде отворена во Сули-ан
Во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Сули-ан во Старата скопска чаршија, на 25 март, во 19:30 часот, ќе биде отворена првата самостојна изложба на Стефан Златев. На неа тој ќе се претстави со дела преку кои визуелно го истражува односот на човекот кон природата, попрецизно кон малите форми на живот. …

