Расте бројот во инфекции во Србија: Денеска регистрирани 3.588 позитивни лица на ковид-19, починаа 15 пациенти

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 3.588 нови случаи на коронавирус од 15.074 тестирани материјали, додека починаа 15 пациенти, е наведено на интернет страницата covid-19.rs.

Во болниците и ковид-центрите ширум земјата се сместени 3.832 лица од кои 153 се приклучени на респиратори, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Од почетокот на пандемијата во Србија се тестирани 2.903.450 милиони лица, инфекцијата е рефистрирана кај 449.901 човек, а од последици на вирусот починаа 4.398 пациенти. Процентот на смртност е 0,98.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот