Распродадени билетите во секторот за македонски навивачи за дуелот со Украина во Прага

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На 14 октомври македонската фудбалска А репрезентација во Прага, Чешка, ќе го игра новиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски е селекцијата на Украина против која ќе се атакува на победа со која би останале во трката за едно од местата кои водат на континенталниот собир во Германија.

Како што известуваат од Фудбалската федерација на Македонија, билетите во секторот за македонски навивачи на стадионот во Прага за мечот против Украина се продадени.

Вкупниот број на билети кои се наменети за македонските поддржувачи во секторот од трибината на стадионот наменета за навивачи на македонската репрезентација изнесува 988, информираше ФФМ во понеделникот.

Воедно, како што е веќе најавено, Македонците од Виена се организираат да им дадат поддршка на нашите најдобри фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот