Распоред за АБА2: МЗТ ја почнува сезоната во октомври!
На денешната седница во Бања Лука беа потврдени 11 клубови кои ќе учествуваат во наредната сезона во АБА2 лигата.
Официјално во периодот од 2-4 октомври 2019 год. ќе започнат возбудувањата. МЗТ пред своите верни навивачи во СЦ „Јане Сандански“ во првото коло ќе игра против клуб кој сеуште не е именуван, односно наскоро треба да добие „вајлд-кард“.
Conclusions of the #ABALiga Assembly Session in Banja Luka.
More at: https://t.co/lfkIZ7P1Wq pic.twitter.com/dWuXtpI6nr
— ABA Liga (@ABA_League) July 15, 2019
Во другите средби од првото коло се среќаваат: Спарс-Рогашка, Борац-Ловќен Цетиње, Сутјеска-Нови Пазар, Сплит-Динамик и Хелиос Санс-Широки.
Во второто коло играчите предводени од тренерот Ѓорѓи Кочов кој потпиша нов договор ќе играат на гостувањето во Сараево кај босанскиот Спарс, а во третата рунда се домаќини на словенечката Рогашка.
Комплетниот календар на АБА2 лигата за натпреварувачката сезона 2019/20 можете да го погледнете ТУКА