Распишан е нов тендер за 100 автобуси за Скопје, откако првиот пропадна
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостување на „Канал 5“ изјави дека тендерот за набавка на 100 автобуси за градскиот превоз е повторно распишана, откако првиот јавен повик беше поништен.
Препорачано
– Денеска е реобјавена постапката за 100 автобуси, искрено се надевам дека овој пат ќе биде успешна. За да не биде градот зависен само од централна власт, владата ќе обезбеди 100 автобуси, но, јас го започнувам за многу скоро проектот БРТ за кој градот ќе обезбеди 40 автобуси – рече Ѓорѓиевски.
За реализацијата на БРТ системот, тој појасни дека се очекува административните постапки да завршат до крајот на годината.
– Постапките треба да ги завршиме до крајот на оваа година, здравје од наредната да ставиме темели – рече градоначалникот на гостувањето на „Канал 5“
Говорејќи за комуналната хигиена, градоначалникот истакна дека е завршена тендерската постапка за набавка на 40 камиони, од кои дел се цистерни за миење на улиците и додаде дека се воведува нов систем за транспорт на отпад со претоварни станици.
ЈСП доби уште 150 милиони денари субвенции за вработените да се „мирни“ до крај на годината
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


