Распарчувањето на глечерот на Антартикот е знак за неповратни климатски промени

Фото: EPA-EFE/NASA

Научниците на ОН сметаат дека топењето на мразот претставува знак за неповратни климатски промени.

Глечер со големина на американскиот град Тампа на Флорида се отцепи и падна на западот на Антартикот. Како што се наведува, научниците ја очекувале оваа појава, бидејќи веќе неколку месеци ги надгледувале двете големи пукнатини на глечерот, пренесува порталот „Вајс“ и додава дека глечерот по отцепувањето од ледениот брег се распаднал на ситни делови.

Таквите појави, како што велат научниците, кога делови од големи глечери се отцепуваат, стануваат се почести.

Европската вселенска агенција воочи две големи пукнатини на тој глечер уште минатата година, а одвојувањето се случило минатиот викенд.

Пред да дојде драстичното затоплување на климата, ваквите појави се случувале еднаш во четири години, а сега се случуваат еднаш годишно, наведуваат научниците.

Се додава дека и делови на Антартикот се загреваат побрзо отколку во остатокот на светот, а научниците на ОН сметаат дека топењето на ледот претставува знак за неповратни климатски промени.

Пајн ајленд, кадешто се случи ова отцепување, е еден од големите глечери кои научниците го проучуваат, а се додава и дека секој ден се очекува глечер двојно поголем од американскиот град Њујорк да се отцепи, бидејќи и на него се забележани пукнатини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот