Фото: МИА

Расчистен е одронот на патот Катланово – Велес, се вози нормално

Сообраќајот на патот Катланово – Велес каде утрово имаше голем одрон, од 10.30 часот е нормализиран и се вози по двете ленти, откако одронот беше расчистен, информираше АМСМ.

„Изутринава, од 8.40 часот, поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километра по бензинската станица „Детоил“, сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри“, соопштија од АМСМ.

Одрон на патот Катланово – Велес, се вози по една лента

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот