Раониќ загрижен поради навивачите на Ролан Гарос

epa08634341 Milos Raonic of Canada in action against Novak Djokovic of Serbia during their Finals match at the Western and Southern Open at the USTA National Tennis Center in Flushing Meadows, New York, USA, 29 August 2020. EPA-EFE/JASON SZENES

Канадскиот тенисер Милош Раониќ истакна дека е загрижен поради одлуката на организаторот на идниот грен слем турнир да дозволи присуство на трибините.

Стартот на Ролан Гарос е закажан за 27. септември, а организаторот најави дека тоа ќе биде првиот голем турнир на кој ќе биде дозволено присуство на навивачи на трибините. Влезниците за грен слем турнирот кој ќе се игра во Париз се веќе пуштени во продажба, а засега е одлучено да биде пополнет 60 проценти од капацитетот на трибините.

– Планирам да играм на главните турнири на земјена подлога, односно на турнирите во Рим и во Париз. Меѓутоа, да бидам искрен, загрижен сум поради информацијата дека на терените на Ролан Гарос дневно ќе има преку 20.000 навивачи. Тоа значи дека кога ќе одам на тренинг или натпревар ќе морам да поминам покрај стотина, или дури илјада луѓе. Но, во медиумите гледаме дека состојбата со коронавирусот во Франција не е сјајна и тоа ме загрижува – изјави Раониќ.

Канадскиот тенисер кој имаше успешен старт на УС Опен со победата над Аргентинецот Леонард Маер во три сета, смета дека одлуката за присуство на навивачи мора да се преиспита.

– Бројот на заразени со коронавирус е се поголем и не е реално да дојде до драстично намалување на бројките. Доколку остане оваа одлука, тоа ќе претставува ризик и за навивачите и за нас тенисерите – додава Раониќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот