Рамбо Амадеус за Бора Чорба: „Ти беше легенда бидејќи беше добар и нежен човек“
Српскиот музичар Борисав Ѓорѓевиќ, познат како Бора Чорба, почина денеска на 72-годишна возраст, откако некое време беше хоспитализиран во Љубљана поради воспаление на белите дробови.
Голем број музичари од регионот се простија со пејачот на групата „Рибља чорба“, а меѓу нив е и црногорскиот пејач Антонио Пушиќ, познат како Рамбо Амадеус, кој објави емотивна почит за починатиот музичар.
„Една солза за Бора
Драг Бора, за тебе и твојот ‘Рокенрол за куќен совет’ знаев долго пред нашата средба во канцеларијата на издавачката куќа ‘Продукција на грамофонски плочи’ (‘ПГП’), во далечната 1988 годиа, додека уредниците размислуваа што да прават, изненадени од мојот материјал за првата музичка плоча.
Тогаш беше на врвот на својата моќ, на врвот на кариерата. Ти беше голема, вистинска ѕвезда, а се однесуваше како момче – директно и добронамерно, исто како да сме стари пријатели.
Кога го слушна материјалот, ти покажа нескриено воодушевување пред запрепастените уредници. Се сеќавам дека рече: ‘Изрекламирајте го овој дечко, инсистирајте да се појавува на телевизија. Овој ќе биде ѕвезда, полуд е од мене’.
Срамежливо те побарав една година подоцна, во далечната 1989 година. Ти понудив да ми гостуваш на плоча, за да искористам малку од твојата голема популарност. Без проблем прифати, без никакви потпрашања. Не побара да се смени ниту една буква од текстот, почитувајќи го мојот ‘уметнички’ ракопис.
Третпат те сретнав на заедничкиот концерт на Таш, ти беше ѕвездата на вечерта, јас настапував на почетокот, како една од многуте предгрупи.
Таш беше полн, ми се слоши поради силната трема. Ти и Гага први скокнавте да ми помогнете, ме масиравте, ми донесовте вода со шеќер. Загрижени, многу нежни, како да сум ви најблизок, успеавте да ме вратите и оспособите за настап.
Веднаш потоа, во деведесеттите, на почетокот на војната во Босна, нашиот заеднички познаник и менаџер беше уапсен во Мостар од ЈНА. Поради неговиот монструозен изглед и грубото однесување, ко комбинација со бошњачкото име и презиме. Толку огромен и груб, заедно со ‘сомнително’ име и презиме, во тој хистеричен момент нашиот пријател немаше многу шанси да ја докаже својата невиност.
Да не гушам со детали – нашиот пријател беше ослободен на твоја лична интервенција истиот ден попладне. Ти интервенираше во тоа гадно и опасно време за ‘некој таму, од другата страна’.
До денес тоа го знаевме само јас и ти и нашиот ослободен пријател. Мислам дека е сосема соодветно ова од денес да го знаат и другите.
Бора, те паметам како многу нежен и љубезен човек. Дека беше врвен поет и шоумен – тоа го знаат сите.За жал, никому не успеа да му кажеш ‘не’, па така твојот бениген кафански национален занес несмасно го пренесе во јавниот простор. Погодно за злоупотреби од секаков вид, ништо.
Со години потоа го носеше овој наметнат товар на твоите поетски плеќи. Ама достоинствено си молчеше. Знам од прва рака дека не можеше ни да згазиш мравка, а камоли да мразиш некого.
За разлика од многумина, кои вешто жонглираа со својот национален занес и сосема внимателно го дозираа во јавноста, доволно да се добие некоја корист, а без да предизвикаат долгорочна штета на пазарот што неизбежно ќе се отвори за неколку години, вешто вртејќи ја ‘мисирката’ токму во моментот кога медиумите од новоформираните земји ќе почнат да обрнуваат внимание на естрадата на ‘оние таму’.
Боро, не ти се ни до колена.
Пријателу, почивај во мир.
За мене беше легенда уште од самиот почеток и засекогаш ќе останеш таков. Баш бидејќи беше нежен, скромен и добар, главно на своја штета.
За крај, твојот голем стих кажува сè , барем за оние кои знаат да слушаат: ‘А себе би се подарил на кого било бидејќи никој од вас не ги знае моите бродоломи’“, напиша Рамбо Амадеус на Фејсбук.