Рама тврди дека Хашкото обвинителство ѝ се заканувало на Вјоса Османи
Албанскиот премиер Еди Рама денеска е во Косово, каде што прво се сретна со косовската претседателка Вјоса Османи, а потоа и со премиерот Албин Курти, пишува КоСсев.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
За време на разговорот со двајцата највисоки косовски функционери, фокусот беше ставен на билатералните односи, регионалната соработка и координацијата меѓу Косово и Албанија. Дополнително, Рама денеска изнесе тврдења дека на Османи наводно и се заканувале од Специјализираното обвинителство во Хаг затоа што, како што изјави, не им дозволила на обвинителите да ја претресат нејзината канцеларија за „докази“.
„Сега, можеби е државна тајна овде во Косово, но не е државна тајна за мене дека претседателката на Косово била под закана. И вие не го знаете тоа бидејќи никогаш не било кажано, но јас го кажувам денеска. Таа беше загрозена затоа што не им дозволи на обвинителите да ја нарушат функцијата претседател на Косово, бидејќи таму сакаа да бараат докази за злосторства против човештвото, што секако би го етаблирало Косово во очите на светот како земја каде што доказите за злосторства против човештвото се наоѓаат токму во канцеларијата на претседателот“, рече Рама.
На состанокот со Курти и Рама се разговарало за тесната политичка и институционална координација, како и за меѓусебната посветеност на интензивирање на соработката во надворешната политика, со цел унапредување на заедничките стратешки интереси.
Тие разговарале и за соработката во рамките на Комитетот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
„За време на состанокот беше разговарано и за соработката во рамките на Комитетот за мир, со акцент на важноста на заедничкото ангажирање во глобалните иницијативи што промовираат дијалог, безбедност и демократски вредности. Во овој контекст, беше нагласено дека Косово и Албанија беа почестени со поканата на претседателот Доналд Трамп до Комитетот за мир, како доказ за почит и партнерство со стратешките сојузници“, се вели во соопштението.
Се додава дека двајцата лидери ја истакнале важноста на континуираната координација меѓу Косово и Албанија како фактор на мир и стабилност во регионот, како и конструктивната улога на двете страни во меѓународните иницијативи што промовираат мир и соработка.
Посетата на Рама на Косово се одржува во пресрет на 18-годишнината од прогласената независност на Косово.


