6 C
Скопје

Ракот на дојка е излечив ако се дијагностицира навреме

Ракот на дојка е втор најчесто дијагностициран рак кај жената, после ракот на кожа, а е втор по причина за смрт од рак, после ракот на бели дробови. Сепак, излечлив е доколку се дијагностицира навреме, нè информираат од клиниката „Жан Митрев“ и нè потсетуваат дека октомври е месец за подигнување на свесноста за ракот на дојка.   

Директната причина што доведува до промена на нормалната клетка во малигна сè уште не е потполно разјаснета, но гените вклучени во клеточниот развој, раст и смрт се одговорни за тој процес на промена. Во клетката постои рамнотежа помеѓу нејзиниот раст и смрт. Со губењето на контролата на оваа рамнотежа, настанува неконтролирано размножување на биолошки променетите клетки. Доколку овие клетки отпатуваат до места на кои обично не се наоѓаат, велиме дека тој рак е матастатски.

Ракот на дојка најчесто почнува во ограничено подрачје во жлездите што произведуваат млеко (лобуларен карцином) или во каналчињата (дуктален карцином), кои носат млеко до брадавицата. Може да расте во дојките и да се прошири во блиските лимфни јазли или низ крвоток до други органи.

Прочитајте и...  Принцот Филип ќе биде погребан денеска

Мажите може да добијат рак на дојка, но се 1% од сите случаи од овој вид рак.

Статистиките покажуваат дека честотата на болеста во последните 30 години расте на глобално ниво, и тој пораст изнесува 3,1% годишно, а морталитетот варира. Во просек 1 од 8 жени во својот живот ќе развијат рак на дојка. Околу две третини од жените се над 55 години, а останатите се меѓу 35 и 54 години. Жените во постменопауза се во двојно поголем ризик од заболување од рак, доколку имаат проблеми со дебелина.

Кои се раните симптоми на рак на дојка?

Промени во формата на брадавицата; болка во градите, посебно по менструација; грутка што не исчезнува по циклусот; секрет од брадавицата со црвена или кафена боја; необјасниво црвенило, оток, воспаление на кожата, чешање или осип на кожата на дојката; оток или грутка околу пазувите или на крајот на дојката.

Кои се ризикфактори?

Постојат повеќе фактори кои го зголемуваат ризикот од ова заболување. За жал, на најважните и не можеме да влијаеме.

Возрасна група – колку е жената постара, толку е ризикот поголем; семејна анамнеза -жени кај кои сестра, мајка или ќерка се веќе заболени од оваа болест; наследен фактор – околу 5 до 10% од сите заболувања на дојка се предизвикани од фактор наследување; Прва менструација пред 12 години, а последна после 55 години; жени кои не раѓале, или покасно родиле после 30-та година; хормонска терапија; прекумерно консумирање алкохол; преголема телесна тежина.

Прочитајте и...  Славниот модел се огласи на социјалните мрежи еден месец откако го роди својот син

Како да превенираме?

Да се посвети повеќе внимание на здрава и разновидна исхрана; почесто движење; избегнување хормонски препарати.

Како рано да го откриеме заболувањето?

Со самопреглед; мамографија на пациентки над 40 години или порано – по одлука на специјалист радиолог; ехотомографија на дојки; магнетна резонанца на дојки.

Клиниката „Жан Митрев“ располага со супериорна 3Д технологија за рана детекција на карцином на дојка, Центар за женско здравје. Во октомври – месецот за подигнување на свеста за борбата против рак на дојка, Клиниката овозможува 50% отстапка од редовната цена на 3-Д мамографија. 

Закажете преглед на телефон 02 309 1484.

 

 

Поврзани вести

Вељко Ражнатовиќ со моќна порака му го честиташе роденденот на Аркан, Инстаграм му ја избриша

Слободен печат

Славниот модел се огласи на социјалните мрежи еден месец откако го роди својот син

Слободен Печат

Северина по 17 години проговори за секс-снимката од јахтата

Слободен Печат

Турболентниот живот на Канје Вест: Сѐ уште чувствува вина за смртта на неговата мајка

Слободен Печат

ВИДЕО| Ана Николиќ позираше топлес: Нејзините обожаватели се прашуваат за што станува збор

Слободен Печат

Во продолжението на „Сексот и градот“ се враќа старата љубов на Кери Бредшо

Слободен Печат

Остави Коментар