Ракометните клубови Алкалоид и Мулти Есенс постигнаа врвни резултати во сезоната 2022/2023

фото: РК Алкалоид

РК Алкалоид во својата дебитантска сезона во Суперлигата играше важна улога и постигна резултат кој е многу над очекувањата. РК Алкалоид е вицешампион на Македонија!

Со освојување на второто место РК Алкалоид обезбеди директен пласман во групната фаза од Европската лига на ЕХФ и пласман во меѓународната СЕХА-лига следната сезона. Тимот на РК Алкалоид за оваа сезона беше составен од македонски играчи, од кои поголем дел млади играчи, што ги прави особено горди на успехот.

– Тимот на РК Алкалоид за оваа сезона беше составен од македонски играчи, од кои поголем дел млади играчи, што нѐ прави особено горди на успехот – информираат од клубот.

РК Мулти Есенс во својата прва сезона од основањето доминантно го освои првото место во Првата лига на Македонија и експресно се пласираше еден ранг повисоко, во Суперлигата.

Кадетскиот тим на РК Мулти Есенс е новиот државен првак на Македонија за играчи до 16 години! Кадетите убедливо и без ниеден пораз ја завршија сезоната на првото место.

– Успесите на екипите од младинските категории нѐ прави исклучително среќни бидејќи тоа е доказ дека нашиот систем на функционирање е насочен спрема создавање ракометари кои ќе бидат дел од нашите сениорски екипи. Особено сме горди на достигнувањата на сите наши ракометни тимови и им посакуваме многу успех следната сезона во европските и во домашните првенства. Само напред, момци, и одиме заедно кон нови победи! – стои во објавата на АД Алкалоид Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот