Ракометен „бум“: Веспрем се враќа во СЕХА лигата! – Слободен печат
РакометСпорт

Ракометен „бум“: Веспрем се враќа во СЕХА лигата!

Двократен освојувач на титулата во СЕХА, унгарскиот шампион Веспрем на Дејан Манасков уште еднаш ќе игра во регионалната лига.

Веспрем ќе игра во наредната натпреварувачка сезона 2019/20, двапати „златен“ и еднаш „сребрен“ во досегашните настапи од натпреварувањето.

Долги биле преговорите на СЕХА и Веспрем, но сега официјално дојде до договор меѓу двете страни.

– Среќни сме што европскиот вицешампион ќе биде дел од следната сезона во СЕХА. Мое мислење е дека претстојната сезона ќе биде многу интересна и ќе биде предизвик за нас да организираме сè, но се наоѓаме на добар пат – рече извршниот директор на СЕХА лигата, Синиша Остоиќ.

Потсетување дека македонскиот и европски шампион Вардар ја брани титулата од минатата сезона.

Во Веспрем летово ќе се преселат двајца поранешни членови на „црвено-црните“, Вуко Борозан и Рожерио Мораеш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close